Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и South East European University (SEEU) се новите универзитети кои станаа дел од иницијативата за поддршка и сојузништво помеѓу европските високо-образовни институции, кофинансирана од програмата Erasmus+.
Во наредниот период овие институции ќе се здобијат со можности за развој на исто рамниште со европските универзитети. Ова е можност да се обединат нова генерација Европејци, да студираат и обучуваат во различни европски земји, на различни јазици и во различни области и академски дисциплини.
Универзитетите стануваат дел од 64 сојузи европски сојузи кои опфаќаат повеќе од 560 високообразовни институции од сите видови, низ сите региони на Европа. Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Erasmus+