Search

УНЕСКО: деградација на 90 осто од земјиштето до 2050 година

На меѓународната конференција на УНЕСКО за копно беа претставени загрижувачки податоци за копнената површина на планетата. Како што беше предупредено, 90 отсто од земјиштето може да биде деградирано до 2050 година.

По тој повод, Одри Азуле, генерален директор на УНЕСКО, апелираше до 194-те земји-членки на оваа организација да ја подобрат заштитата и реставрацијата на земјиштето.

Според Светскиот атлас за опустинување, најмалку 75 отсто од земјата е веќе деградирана, што има директно влијание врз над три милијарди луѓе.

Со цел да се обезбеди поддршка на земјите-членки, УНЕСКО воспоставува глобален индекс за здравјето на почвата во соработка со меѓународните партнери. На овој начин ќе се стандардизира мерката за проценка и споредба на квалитетот на земјиштето во различни региони и екосистеми. Понатаму, ќе овозможи да се идентификуваат трендовите кои покажуваат деградација или подобрување, а исто така ќе покаже кои области се најмногу погодени или загрозени.

УНЕСКО, исто така, објави пилот иницијатива за одржливо управување со земјиштето и пејзажот во над десет природни локалитети. Целта е да се оцени ефективноста на применетите методи на управување на овие локации, но и да се примени најдоброто од овие методи во други региони во светот. Како што е наведено, менаџерите на овие локации ќе поминат обука и ќе бидат охрабрени да развиваат иновативни проекти за зачувување и управување со земјиштето.

Покрај нив, ќе бидат обезбедени и обуки за членови на владини агенции, организации за зачувување на природата и домородните заедници, со цел да добијат што е можно повеќе средства за заштита на земјиштето. Во иницијативата ќе бидат вклучени и помладите генерации, со цел што повеќе да се прошири свеста за овој важен проблем.

Фото: pexels

Најново

Последни колумни