Уметникот Али Синани нов директор на Националната галерија

Тој доаѓа на местото на досегашната в. д. директорка Маја Неделковска-Брзанова

Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), соопшти институцијата на социјалните мрежи. Тој доаѓа на местото на досегашната в. д. директорка Маја Неделковска-Брзанова.

„По огласот за директор кој беше распишан пред скоро три месеци, за директор на Националната галерија на РС Македонија, со мандат од четири години, на 9 јули 2025 година е избран и именуван д-р Али Синани, за директор на Институцијата“, соопшти Националната галерија.

Синани припаѓа на школата на орфистите и во неговите слики боите и формите се алфа и омега.

Роден е 1977 во гостиварското село Добридол. Дипломира во 2002 на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Рубенс Корубин. Магистерските студии ги завршува на истиот факултет во 2009 година во класата на доцент Антони Мазневски, а од 2012 година е на докторски студии во Нови Пазар, Србија, кај проф.д-р Фехим Хусковиќ. Член е на голем број европски асоцијации. Има реализирано над 15 самостојни и над 25 групни изложби во Македонија, Србија, Швајцарија, Германија. Од 2000 година живее и работи во Швајцарија.Во 2018 ја претставувал Швајцарија на  меѓународната изложба „Сон и реалност“ во Лувр во Париз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни