Засега не е познато зошто новинарите се приведени.
Турскиот суд во неделата му одреди притвор на Имамоглу, кој е главен политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на судењето за корупција. Оваа одлука предизвика најголеми протести во земјата во последната деценија.
И покрај забраната за собири во многу градови, протестите против власта продолжуваат петта вечер по ред, главно во мирна атмосфера. Главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) ги повика граѓаните да излезат на улиците и да протестираат против судската одлука, оценувајќи ја како политички мотивирана и недемократска.
Од друга страна, турската влада негира дека истрагата е политички мотивирана и тврди дека судовите се независни.
Сам Имамоглу ги отфрли обвиненијата, нарекувајќи ги „незамисливи и клеветнички“, и повика на масовни протести ширум земјата. Лидерот на CHP, Озгур Озел, во неделата им порача на собраните граѓани пред општинската зграда во истанбулската населба Сарачхане дека протестите ќе продолжат сè додека Имамоглу не биде ослободен.
Според Синдикатот на новинари на Турција, меѓу приведените новинари е и фоторепортер на агенцијата France Presse (AFP).