Туристичко вовче во Плитвице излетало од патот, шестмина повредени

Националниот парк сè уште не ја објави причината за несреќата, а за среќа никој од туристите не е сериозно повреден

Во Националниот парк Плитвички Езера денес се случила несреќа, во која се повредени шест лица.

Туристички воз што ги вози посетителите низ паркот, прво излетал од патот, а потоа удрил во дрво.

Полицијата ја примила пријавата околу 14:20 часот, соопшти Полициската управа Лика-Сењ, додавајќи дека истрагата е во тек.

Националниот парк сè уште не ја објави причината за несреќата, а за среќа, никој не е сериозно повреден, туку туристите побарале лекарска помош само поради полесни повреди.

Туристичкиот воз во „Плитвички езера“ е една од најпосетените туристички атркации во копнениот дел на Хрватска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни