Тркалезна маса на ЗНМ на тема: „Улогата на жената во одржувањето на мирот“

Оваа тркалезна маса има за цел да ги осветли нивните придонеси, да отвори дијалог и да промовира женско лидерство во процесите на мир и правда.

Здружението Новинари за човекови права и Националното координативно тело на Светскиот марш на жената во Македонија организира тркалезна маса на тема: „Улогата на жената во одржувањето на мирот“.

Во време на зголемени конфликти и политички тензии, жените сè повеќе ја преземаат улогата на гласници на мирот, градителки на отпорност и двигатели на општествени промени.

Оваа тркалезна маса има за цел да ги осветли нивните придонеси, да отвори дијалог и да промовира женско лидерство во процесите на мир и правда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни