Трамп укинува седум федерални агенции, вклучувајќи ја и онаа што управува со „Гласот на Америка“

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на седум федерални агенции, меѓу кои е и агенцијата што управува со медиумската куќа „Глас на Америка“ и други владини медиуми ширум светот, објави The New York Times.

Наредбата ги засега агенциите што се занимаваат со посредување во работни спорови и проблеми со бездомници. Таа бара да се укинат сите работни места што не се законски обврзувачки, а на директорите на засегнатите агенции им е наложено да го сведат бројот на вработени на законскиот минимум.

Како дел од овој потег, федералната агенција која управува со „Глас на Америка“, Американската агенција за глобални медиуми, е пред затворање. Оваа агенција финансира и други медиуми, како Радио Слободна Европа и Радио Слободна Азија, со буџет од околу 270 милиони долари и публика од 361 милион луѓе неделно.


Прекин на договорите со водечки новински агенции

Покрај укинувањето, вчера беше објавено дека владината агенција што управува со „Глас на Америка“ ги раскинала долгогодишните договори со AP, Reuters и France-Presse, со цел да заштеди 53 милиони долари.

Останатите агенции на удар на Трамп вклучуваат:
🔴 Федералната служба за посредување и помирување – решава работни спорови
🔴 Меѓународниот центар „Вудроу Вилсон“ – истражувачки институт
🔴 Институтот за музеи и библиотеки – финансира културни институции
🔴 Советот за бездомници
🔴 Фондот за финансиски институции за развој на заедницата – помага на ранливи заедници
🔴 Агенцијата за развој на малцински бизниси – поддржува малцински претприемачи

Директорите на агенциите имаат рок од седум дена да поднесат план за спроведување на оваа одлука.

Овој потег е дел од пошироката стратегија на Трамп за намалување на големината на владата, но истовремено отвора прашања за границите на неговите овластувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни