Трагедија во Манхајм: Возач со автомобил влета во пешаци – најмалку едно загинато лице

Во центарот на Манхајм, Германија, денеска се случи трагичен инцидент кога возач со автомобил влетал во група пешаци. Настанот се случил во областа помеѓу Парадеплац и Васертурм, а според првичните информации, возилото – црн SUV – со голема брзина налетало на луѓето, предизвикувајќи повеќе повредени, од кои некои со тешки повреди.

Полицијата потврди дека најмалку едно лице го загубило животот, а бројот на повредени сè уште не е официјално утврден. На местото на несреќата е во тек голема полициска акција, а пристигнати се и екипи на брзата помош.

Засега не се познати мотивите на возачот, а полицијата ги истражува сите можни околности на несреќата.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни