Денес, најголемиот дел од земјата ќе биде под влијание на облачно и дождливо време, со локални интензивни врнежи кои повеќе наликуваат на есен отколку на лето.
Во текот на следните денови се очекува постепена стабилизација на времето и раст на температурите. Почетокот на август ќе донесе повеќе сонце и пријатна летна атмосфера, без претходните екстреми – дневните температури ќе се движат меѓу 30 и 34°C.
Од 4 до 7 август, метеоролозите најавуваат нова нестабилност со локални врнежи, грмежи и можен град, особено во попладневните часови. Температурите ќе се спуштат повторно околу 25°C.
Нов топлотен бран по 10 август
Според моменталните прогнози, вистинското лето се враќа по 8 август, кога повторно ќе има стабилизирање на времето и постепено зголемување на температурите. Новиот топлотен бран се очекува од 10 август, кога живата во термометрите повторно ќе надмине 35°C.
Значи, пред нас е краток одмор од горештините – но летото се враќа со полна сила веќе за десетина дена.