Тодор Кулаков: „Неказнивоста го уби моето дете – правосудството е виновно!’“

Таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, видно потресен, денес изјави: „Тоа во што сме сигурни е дека не еден е коренот на сите проблеми, арно ама вака поставено правосудство, каде што неказнивоста е примарно нешто, кое потоа се одразува на сите сфери во животот. Дали е тоа сообраќај, економија, не знам, било што. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството.

Денес, во Неготино беше погребана младата Фросина Кулакова, која завчера беше прегазена на булевар „Партизански одреди“.

Таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, видно потресен, денес изјави: „Тоа во што сме сигурни е дека не еден е коренот на сите проблеми, арно ама вака поставено правосудство, каде што неказнивоста е примарно нешто, кое потоа се одразува на сите сфери во животот. Дали е тоа сообраќај, економија, не знам, било што. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството.

Тој, таков каков што е, лузер по сите редови и мерила, влезен во таков филм, го убива девојчето кое е бисер од дете, врвен дизајнер, четврта година со веќе самостојни изложби, со пофалби, со награди… и му оставаш од таа неказнивост, наместо да е во притвор заради таквиот пристап, он е слободен и ја убива. Што повеќе да кажам. Нема што повеќе.“

Оваа изјава ја отсликува длабоката болка и разочараност на семејството Кулакова, но и на целото општество, кое бара правда и одговорност од институциите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни