Подгответе ги моторите и облечете се елегантно — The Distinguished Gentleman’s Ride се враќа во недела, на 18 мај 2025 година.
“Регистрирајте се за да учествувате во настан каков што нема друг, каде што 1000 градови низ целиот свет ќе возат на истиот ден во поддршка на менталното здравје на мажите и истражувањата за рак на простата.
Придружете се на стотици илјади елегантни дами и господа на најстилскиот мотоциклистички хуманитарен настан на светот, додека возиме за да собереме средства и да ја зголемиме свеста за машкото здравје во соработка со Movember“ велат организаторите.
Сите возачи мора да бидат регистрирани на официјалната веб-страница на The Distinguished Gentleman’s Ride за да ги видат деталите за локалната тура, кои остануваат доверливи.