Од своето основање во 2019та год. и се досега, Women in Tech Македонија бележи значаен и конзистентен раст дирекно придонесувајќи кон глобално движење што денес има 68 лојални подружници и заедници со над 100.000 членови во нашето движење во повеќе од 100 земји.
Women in Tech® е меѓународна непрофитна организација со двојна мисија: да го намали родовиот јаз и да им помогне на жените да станат активни во 5 клучни области: образование, претприемништво, социјална инклузија, наука, технологија и иновации. Women in Tech Македонија има за цел да едуцира, поврзе и поддржи жени и девојки со потребните вештини и самодоверба за да успеат во STEM образование или кариера локално но и ширум светот.
„Оваа награда ни пристигна токму на Интернационалниот ден на девојки во технологија и наука и е баш симболично за нас. Ова не е само награда. Ова е гласот на сите жени, ментори, поддржувачи и визионери од нашата земја, кои се залагаат за еднакви шанси, развој и иновации. Ова е доказ дека иако сме мала земја, со многу предизвици, ние имаме капацитет, имаме моќ, имаме визија. И што е најважно – имаме срце полно љубов и волја за промена. Горда сум што заедно со тимот растеме заедницата која расте, поддржува, и активно и континуирано го трансформира ИТ секторот локално и глобално.“, изјави Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Македонија.
Моника Ризовска Таневска на отворањето на неколку настани на Women in tech Macedonia
Успехот на Women in Tech Macedonia е резултат на серија значајни иницијативи, меѓу кои се практични работилници, менторски програми, обуки за лидерство и стратешки соработки со универзитети, компании и партнери. Овие програми овозможија на девојки и жени пристап до едукација, вработување и лидерски можности во секторот.
Ова е заедница која променува животи. Една од многуте инспиративни примери е Дина Дамјановиќ – која од водење на хостел започна програма за учење програмирање и денес е веќе сениор програмер кој раководи и ИТ компанија – Нејзината приказна сведочи за трансформативната моќ на Women in Tech еко-системот, а може да се погледне тука.
Глобалното признание добиено на глобалниот самитот во Јапонија е доказ за визијата и посветеноста на тимот и силна порака дека вистински промени се можни кога заедниците се обединети зад заедничка цел.
Нашата земја е пример за повеќе од 68 земји ширум светот, благодарение на посветеноста на секоја од девојките во нашата заедница која има над 4000 членови и 100 активни членови кои деноноќно придонесуваат во реализација на иновативни програми, кампањи за подигнување на свесност, менторство и досега според сите метрики нашата земја расте со својот придонес и успешно инспирира и помага и во професионалниот развој на жените во технологијата и на девојките кои се пред прагот за избор на своја професија.
Она што нè издвојува е и што секој месец организираме нетворкинг средби, нудиме онлајн едукативни содржини, и овозможуваме запознавање со најновите технологии и трендови од светот на ИТ и иновациите.
Покрај техничките едукативни онлајн средби, попознати се “WITCON” – конференција за најнови технички трендови и иновации, “UI/UX”- конференција за дизајн, “PM2”- конференција за проект и продукт менаџери, “QA Trends” – конференција за автоматско и мануелно тестирање, “Path to Progress: Career Growth”- за сите студенти кои сакаат да променат кариера или да влезат во ИТ индустријата, организација на натпревари како Ways2Help хакатон за користење на технологијата за хумани цели и останати покрупни конференции.
Видео: https://www.youtube.com/watch?v=42wgURANtJw
Атмосфера од минатододишниот WITCON кој имаше над 450 учесници
Ова е само причина повеќе Women in Tech Macedonia да продолжи и понатаму да создава нови програми и иницијативи за развој и на под-заедниците за различни технички области во ИТ секторот со што секој може да се вмрежи и да биде во тек со се што се случува.
“Изразуваме голема благодарност до сите членови, соработници, партнери и поддржувачи кои низ текот на годините не следат и активно придонесуваат како со присуство така и со споделување на знаење, менторство и финансиска помош за реализација на сите настани. Остануваме отворени за соработка и предлози и фидбек зошто само со соработка и поддршка вистински допринесуваме во раст во нашата ИТ заедница првенствено локално и неминовно и глобално”- дополни Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Macedonia
Борд членови на Women in Tech MacedoniaСекој што сака да биде дел од Women in Tech Macedonia – може да се приклучи со пополнување на оваа форма, без разлика на полот. Членството е бесплатно и отворено за сите кои веруваат во моќта на знаењето, заедништвото, напредокот и инклузивноста. И секој што сака да не поддржи и да биде дел од промената и како спонзор или партнер, може да ни пише на следната форма.