Судот го одби барањето на Трамп да го укине статусот на илјадници мигранти

Судот ја потврди претходната одлука со која се блокираше обидот на Министерството за внатрешна безбедност да го скрати периодот на двегодишен привремен статус што го додели претходниот претседател Џо Бајден на околу 400.000 лица.

Американскиот федерален жалбен суд во Бостон го одби барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за укинување на привремениот легален статус на стотици илјади мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела кои живеат во САД.

Судот ја потврди претходната одлука со која се блокираше обидот на Министерството за внатрешна безбедност да го скрати периодот на двегодишен привремен статус што го додели претходниот претседател Џо Бајден на околу 400.000 лица.

Ова е дел од пошироката имиграциска политика на Трамп, со која тој се обидува да го намали бројот на имигранти и да ги зголеми депортациите, дури и на оние кои веќе имаат право легално да живеат и работат во САД.

Администрацијата тврди дека министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноел, имала овластување да го укине овој статус, и дека судската одлука ја принудува владата да „задржи стотици илјади странци во земјата против својата волја“.

Постапката пред судот е покрената од организации за права на мигрантите, кои се жалеа на укинувањето на програми што им овозможија на бегалци од Украина, Авганистан, Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела да добијат заштита и престој во САД.

Сега администрацијата може да побара вмешување од Врховниот суд.

Гласноговорничката на Министерството, Триша Меклафлин, изјави: „Администрацијата на Трамп е посветена на враќање на владеењето на правото во нашиот имиграциски систем. Ни оваа, ниту која било друга пресуда нема да не спречи во таа намера.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни