Судир помеѓу автомобил и автобус во Нови Сад: Повредени девет лица, меѓу нив и дете

Во судир, што се случил вчера вечер во улицата „Јован Суботић“ во Нови Сад, повредени се девет лица, меѓу кои и едно тригодишно дете.

Според неофицијални информации на РТС, на возачот на автомобилот му се слошило додека управувал со возилото, по што изгубил контрола и се случил судир, при што директно удрил во градски автобус.

„Три екипи за итна медицинска помош интервенираа по највисок приоритет. Возачот на автомобилот, маж на возраст од 64 години, е пренесен на Одделението за хирургија при Ургентниот центар со повеќе тешки повреди, но во свесна состојба“, изјави Зоран Круљ, портпарол на Заводот за итна медицинска помош во Нови Сад.

На истото одделение се пренесени и пет жени на возраст од 53, 53, 58, 68 и 19 години, како и возачот на автобусот, маж стар 36 години. Повреденото тригодишно дете е хоспитализирано на хируршкото одделение во Детската болница.

Дополнително, маж на 46-годишна возраст добил упат за понатамошна лекарска контрола во Ургентниот центар, додаде Круљ.

Надлежните институции работат на утврдување на причините за несреќата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни