Судир на два автобуса во Осијек, повредени околу 15 лица

Во Вуковарска улица во Осијек утринава, нешто пред 7 часот, се судрија два автобуса на градскиот превоз. Веднаш по несреќата, на местото пристигнаа неколку екипи на итната медицинска помош за да им пружат помош на повредените.

https://www.facebook.com/share/p/155uGP4KRx


Според неофицијални информации на Глас Славоније, во несреќата се повредени околу 15 лица. Радио Осијек пренесува дека нема потешко повредени.

„Утрово во 6:39 часот дојде до судир на два автобуса на Градскиот патнички превоз на раскрсницата меѓу Вуковарска и Цесаричева улица. Повеќе лица се повредени. Увидот е во тек“, соопшти полицијата.

Од Полицијата на Осијечко-барањската жупанија потврдија дека дојавата за несреќата ја добиле во 6:39 часот. Полициските екипи се на терен, а повеќе информации за причините за судирот ќе бидат објавени по завршувањето на увидот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни