Студентскиот пленум ги повикува сите граѓани, утре со 60 минутен молк да им се оддаде почит на жртвите од пожарот во Кочани

Студентскиот пленум ги повикува сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани.

Собирот ќе се одржи на 23. март (недела), во 16:30 во Градскиот парк (на тревникот после споменикот од Гоце Делчев. На собирот ќе одржиме 60-минутен молк за 60-те жртви, со почеток во 16:59 часот.


„Поради овој трул систем кој се темели на профитерство и корупција загинаа 59 луѓе. Да бидеме заедно и да останеме сплотени. Од народот, за народот – затоа што само ние си остануваме едни на други“, пишува во објавата на Студентскиот пленум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни