Тие ја осудија, како што ја нарекоа, „бруталноста и насилството“ на припадниците на полицијата врз студенти и граѓани во понеделникот пред факултетот, и на пленум донесоа одлука да побараат негово повлекување од функцијата.
„Во изминатите денови спроведовме неформална, но обемна анкета, чии досегашни резултати покажуваат дека повеќе од 450 студенти бараат негова оставка“, велат студентите во блокада.
Тие оценуваат дека Дрид континуирано ја игнорира волјата на студентите и одлуките донесени на пленумите.
„Сметаме дека неговата оставка е прв, но неопходен чекор за обнова на довербата и интегритетот во работењето на нашиот факултет“, додаваат студентите.