Студентите во блокада на ДИФ бараат оставка од деканот Патрик Дрид: „Постојано ја игнорира волјата на студентите и одлуките на пленумот“

Студентите кои го блокираат Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ) при Универзитетот во Нови Сад побараа оставка од деканот Патрик Дрид.

Тие ја осудија, како што ја нарекоа, „бруталноста и насилството“ на припадниците на полицијата врз студенти и граѓани во понеделникот пред факултетот, и на пленум донесоа одлука да побараат негово повлекување од функцијата.

„Во изминатите денови спроведовме неформална, но обемна анкета, чии досегашни резултати покажуваат дека повеќе од 450 студенти бараат негова оставка“, велат студентите во блокада.

Тие оценуваат дека Дрид континуирано ја игнорира волјата на студентите и одлуките донесени на пленумите.

„Сметаме дека неговата оставка е прв, но неопходен чекор за обнова на довербата и интегритетот во работењето на нашиот факултет“, додаваат студентите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни