Студентите-маратонци денес 163 километри кон Лиеж

Шеснаесеттата етапа од маратонот на српските студенти до Брисел започна утрово во 7 часот, кога тргнаа од Луксембург, каде вчера беа свечено пречекани.

Денес ги очекува најтешката и најдолгата делница од патот – дури 163 километри до белгискиот град Лиеж. Се очекува таму да пристигнат вечерва, помеѓу 19:30 и 20:00 часот.

Потсетување: Вчера во Луксембург, студентите ги пречека градоначалничката Лидија Полфер, која им ја изрази својата почит и им порача дека им се восхитува за нивната храброст и борба против корупцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни