Стоечки овации за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска

Во претставата играат: Хамлет – Никола Стефанов, Клаудиј – Иван Јерчиќ,Гертруда – Валентина Грамосли и Офелија – Викторија Степановска Јанкуловска.

Претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, на Битолскиот театар беше проследена со овации на Интернационалниот фестивал „Direction east“, кој се одржува од 30.09 до 07.10.

„Пиесата „Денот на убиствата во историјата за Хамлет“ на Бернар-Мари Колтес е напишана во 1974 година и е инспирирана од безвременото дело на Шекспир – „Хамлет“, но не е ниту негова адаптација, ниту коментар на Шекспировата пиеса. Тоа е драматуршка игра за познатата Хамлетовска ситуација: ситуација во која секој избор води само кон смрт – морална, духовна, физичка. Тоа е ситуација на метафизичка стапица – во која е предизвикана човековата слобода, односно прашањето за човековата слободна волја во момент кога тој се соочува со својата ограниченост да дејствува и со својата смртност како битие. Тоа е и реална човечка ситуација во секојдневните односи меѓу луѓето, кога човек во однос кон другиот човек се наоѓа пред избор да истрае како човечко битие (со сите потенцијални вредности што ги содржи тоа битие) и да умре со човечко достоинство, или да умре – и морално, и духовно уште пред конечно да умре за светот„ стои во описот на претствата.

Режисер и автор на музиката е Марјан Неќак, драматург Оливера Павловиќ, сценограф Валентин Светозарев a костимограф Андреј Ѓоргиевски.
Играат: Хамлет – Никола Стефанов, Клаудиј – Иван Јерчиќ,Гертруда – Валентина Грамосли и Офелија – Викторија Степановска Јанкуловска.

На изведбата во Бјалисток присуствуваа и Македонскиот амбасадор во Полска Јасмин Ќахил, директорот на Драмскиот театар, Пјотр Адам Пулторак, како и заменичката директорка Мартина Занеуска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни