Не само што не грее, туку и во нас го буди хормонот на среќата, поради што расположението веднаш ни се подобрува, дури и во мрачен ден.
Но дали сте пробале пикантно топло чоколадо?
Состојки:
– 130 гр исечкано темно чоколадо
– 470 мл млеко по избор
– 1 кафена лажичка цимет
– 1 лажичка екстракт од ванила
– прстофат сол
– 1 чили пиперка, исечена на половина по должина, без семки
– 2 лажички шеќер од косос (може да користите и кафеав шеќер или мед)
– 2 чаши ракија или рум по желба
Подготовка:
Чоколадото растопете го во помал сад на умерена температура со малку млеко.
Измешајте го остатокот од млекото, циметот, ванилата и солта. Додадете го чилито и оставете сè да се загрее, внимавајќи да не зоврие.
Тргнете го од оган и оставете го да отстои 10 минути, а потоа отстранете го чилито.
Постепено додавајте шеќер, мешајќи и вкусувајќи додека не го достигнете идеалното ниво на сладост.
По желба во оваа фаза можете да додадете малку ракија или рум за дополнителна арома.
Истурете во шолја, декорирајте по желба и уживајте во оваа совршено кремасто и пикантно топло чоколадо.