Волонтерската организација „Women Fight 4 UA“ која споделува информации, одржува настапи, демонстрации и други настани во Велика Британија, неодамна креираа видео каде што покажаа црвен картон за англиската фудбалска легенда и модна ѕвезда Дејвид Бекам
„Срам за Бекам, заслужува ЦРВЕН картон“, напишаа на својот инстаграм профил.
На инстаграм профилот, тие појаснија зошто е црвениот картон за Бекам.
„Брендот Дејвид се проширува во Русија, регистрирајќи го својот заштитен знак со Роспатент и покрај санкциите. Името на Бекам е насекаде низ Лондон, поддржано од брендови како Hugo Boss и @stellaartois, но сепак не му пречи да прави бизнис во земја каде активно се убиваат невини луѓе“.
Компанијата на Бекам „DB Ventures“ сега има права да продава текстил, завеси, постелнини и ќебенца за миленици во Русија – се тоа под неговото глобално претпознатливо име. Се ова го прави, додека собира средства за Украина.
Бекам неодамна го даде својот инстаграм профил на украински доктор а исто така даде донации за украинските деца загрозени од војната, но сега изгледа дека тој го избира профит над неговите принципи. @davidbeckham добиваш црвен картон!, пишува на страната на Волонтерската организација „Women Fight 4 UA“.
Дејвид Бекам е еден од најпознатите светски спортисти. Последниот клуб за кој играл е Пари Сен Жермен. Бекам е и поранешен англиски репрезентативец и поранешен капитен на Гордиот Албион.