Снеже Велков во РеТрн: Ако не бев водителка – ќе бев принцеза

Нова недела – нова епизода на РеТрн! Овој пат, ни гостува една дама која сите ја знаеме од малите екрани – Снеже Велков. Таа не е само ТВ лице, таа е бренд!

Снеже зад себе има богата кариера исполнета со емисии што сите сме ги гледале, меѓу кои и култната „Нешто конкретно“ – омилена на многумина токму поради нејзината искреност, топлина и шарм.

Во оваа епизода, нашата Снежана ќе биде пред избор – дали да ја гризне јаболката или да ја послуша интуицијата?
Во моментите после оваа „бајковитата несреќа“ – нашиот Дениз се појавува како херој без коњ, но со добра намера, и ја спасува Снежана.

Во разговорот со Снеже откриваме и уште нешто конкретно:
Кое ѝ е омиленото место во Скопје?
Што би одбрала – Скопје или родната Македонска Каменица?
Ако Скопје беше книга – како би се викала?
А ако Каменица беше филм – како би се викал тој филм?
Доколку не беше ТВ водителка – што друго би била Снеже?
И кој е зборот што најчесто му го кажува на нејзиниот син?

Нова епизода која е полна со позитивна енергија, искрени одговори и малку магија (со јаболкото во главна улога).

Не ја пропуштајте! РеТрн х Снеже Велков

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни