Службениците на Бундестагот годинава не смеат да учествуваат на парадата за ЛГБТК права

Неколку пратеници од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) денеска ѝ доставија протестно писмо на претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, изразувајќи огорченост од одлуката службениците на германскиот парламент годинава да не смеат службено да учествуваат на парадата за правата на ЛГБТК+ заедницата – Christopher Street Day (CSD).
epa11499076 Participants with Israeli flags and a banner reading 'East Pride Berlin - Homos say yes to Israel' walk during the 'CSD Berlin 2024' the 46th Christopher Street Day parade in Berlin, Germany, 27 July 2024. CSD is an annual European LGBTIQA* (lesbian, gay, bisexual, transgender, intersex, queer/questioning, asexual) community celebration held in various cities across Europe for the rights of LGBTIQA* people. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

„Го сметаме ова за погрешен, а во контекст на актуелната состојба во општеството, и за фатален потег“, стои во писмото на пратениците од СПД, упатено до раководството на парламентот и до Клекнер, која доаѓа од редовите на ЦДУ.

Пратениците потенцираат дека на манифестации како оваа, кои промовираат човекови и малцински права, службеното отсуство е „целосен политички и морален неуспех“. Слични критики упатија и пратениците од Зелените и Левица.

Организаторите на берлинската CSD парада соопштија дека службената група вработени во Бундестагот, која учествуваше изминатите две години, ја откажала својата годинешна посета по забраната од дирекцијата на парламентот. Парадата ќе се одржи на 26 јуни.

Дополнително, директорот на Бундестагот издал забрана за учество на политички протести и јавни настани поради обврската за политичка неутралност, а претседателката Клекнер решила годинава да не биде истакнато знамето со боите на виножитото на зградата на парламентот – нешто што беше редовна практика претходните години.

Сепак, градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер од редовите на ЦДУ, најави дека и оваа година ќе учествува на парадата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни