Седум лица се повредени по вчерашната експлозија во фабриката за муниција Крушик во Република Србија.
За среќа, сите работници се полесно повредени и пуштени на домашно лекување, објави N1.
Крушик е најпознатата воена фабрика во Србија која произведува оружје и муниција како за домашниот пазар, така и за извоз, а во неа и претходно се случувале слични незгоди.
Но она што е индикативно е што последниот инцидент се случува само еден ден откако руските безбедносни служби излегоа со наводи дека нивната „братска“ Србија продолжува да ја снабдува Украина со мунициија од која како што велат Русите „гинат руските војници“.
„Српската воена индустрија се обидува да пука во грп на Русија. Желбата да се профитира од крвта на братските словенски народи целосно ги натера да заборават кои им се вистински пријатели, а кои им се непријатели.“, соопшти надворешната разузнавачка служба на Русија (СВР).
Овие обвинувања не се нови, за слични тврдења, српскиот претседател Александар Вучиќ, минатата година изјави за „Фајненшл Тајмс“ дека српското оружје и муниција завршуваат на украинската страна преку посредници врз кои тој тврди дека нема контрола.