Познатата српска актерка Слобода Мичаловиќ денес попладне била претепана во Белград.
Како што пренесуваат српските медиуми, сето тоа се случило на паркинг, каде Слобода била претепана од непознат маж додека се паркирала пред зградата.
Тој ја извлекол од колата и ја влечел за коса.
Како што тврдат други локални медиуми, повредената актерка моментално се наоѓа во Ургентниот центар, на детална дијагностика, а случајот е пријавен во полиција.