Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 5 јуни во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, најави денеска портпаролот на германската Влада.
Портпаролот Стефан Корнелиус наведе дека Мерц и Трамп, помеѓу другото ќе разговараат и за војната во Украина, одговорот на НАТО на растечките надворешни закани, ситуацијата на Блиски Исток и трговскиот спор меѓу САД и Европска Унија.
Мерц од 6 мај, кога ја презеде функцијата, со Трамп телефонски разговараше неколку пати.