Скопје во понеделник ќе се соочи со нова блокада, ако не се најде решение за барањата на приватните превозници. Тие најавија дека ќе ги блокираат клучните сообраќајни артерии во градот. Тоа ќе бидат Автокоманда, Народна Банка и мостот во Нерези.
Приватните превозници бараат веднаш да се промени тарифникот за поминат километар. Во моментов ЈСП за услугата им наплаќа 68 денари со ДДВ за поминат километар, но велат, се е поскапено, сега не им се исплати.
Додека превозниците бараа решение за проблемот, градоначалничката испрати допис, генерално насочен кон претседателот на Советот на Градот Славески. Вели, уште завчера е доставена иницијатива за отпочнување на постапка за покачување на цените, од страна на советникот Горан Арсов. Но Славески, според побарал мислење од градоначалничката, но потоа ја известил дека нејзиното мислење е нерелевантно со што, според Арсовска, го прекршил Статутот и Деловникот за работа на Советот.
Приватниците не сообраќајаат од вчера. Во меѓувреме, ЈСП ги троши државните резерви на нафта кои ги доби од владата. Засега нема информација дали воопшто ЈСП е влезено во преговори со некој за да обезбеди нафта додека не заврши целата процедура за двегодишниот тендер. Огласот завршува на 3 декември.