Викендов, Скопје беше биде домаќин на Dance OFF, најголемиот меѓународен фестивал за танц во регионот, организиран од танцувачките клубови Break a Leg и Eat the Beat. Овој настан не само што го промовира танцот во Македонија, туку и создава можности за младите танчери да се поврзат со свои врсници од цела Европа. Tанчери од повеќе од 18 земји се натпреваруваа пред 15 интернационални судии. Танцовиот викенд во Борис Трајковски обедини над 2500 учесници во латино и модерни танци.
Dance OFF постои од 2016 година и секоја година бележи рекорден број на учесници. Во 2018 година, како дел од фестивалот, беше организирано IDO Европско првенство во Street Dance Show, HipHop и Breakdance, кое собра над 4500 танчери од 23 земји. Овој фестивал е важен за развојот на танцовата сцена во Македонија и поттикнува млади таленти да продолжат со своето образование и професионален развој во танцот.Младите танчери имаа можност да учествуваат во натпревари и работилници, споделувајќи искуства и учејќи од најдобрите во индустријата. Оваа година, особено по паузата предизвикана од пандемијата на COVID-19, фестивалот е шанса за повторно активирање на танцовата заедница и поттикнување на креативноста.
Со Dance OFF, Скопје повторно беше во ритам, а младите танчери ги покажаа своите вештини и страст кон танцот. Овој настан не само што е платформа за таленти, туку и можност за сите љубители на танцот да уживаат во спектакуларни перформанси и да бидат дел од една позитивна атмосфера.