Скејт бордингот е повеќе стил на живот отколку спорт.
За скејтерите во градов тоа е лична форма на изразување, начин на живот кој вклучува работи како музика и уметност. Во градoв во кој е потребно многу за да се развие скејт културата на повисоко ниво, овие дечки креираат една поинаква реланост. Уметност на движења, изложби, перформанси и пред се култура различна од мејнстримот на градот кој со години наназад не успева да понуди барем еден солиден скејт парк. Во време кога скејт културата издигна многу градови високо на туристичната сцена, Скопје се бори со квалитетот на основните реквизити и урбаната опрема. Ама скејтерите не се обесхрабрени. Велат се трудиме. Правиме се што можеме. Тоа го живееме, то ни е животот. На 21 јуни Светскиот ден на скејтбордингот го подготвуваат турнирот посветен на Филип Матевски. Еден од ретките урбани настани кои ни останаа во градот.