Скандал во PayPal поради екстензија која вршела измами

Екстензијата за прелистувач требаше автоматски да пребарува и внесува купони за попусти за време на онлајн купувањата, но неодамнешната истрага покажува дека се работи за една од најголемите измами на Јутјуб. Екстензијата на ПејПал, Honey, барем во теорија, претставува удобен алат за наоѓање подобри понуди додека купувате онлајн. Меѓутоа, Јутјуберот МегаЛаг во својот неодамна објавен видео клип тврди дека тоа всушност е измама и дека краде приходи од инфлуенсери, вклучувајќи ги и оние кои платиле за промоција на својот производ.Honey функционира така што за време на купувањето на интернет нуди да пронајде кодови за попусти. Но, како што истакнува МегаЛаг, често не ги наоѓа или нуди оние со брендирање Honey, иако едноставно пребарување на интернет може да понуди подобри опции. На официјалната веб-страница на Honey се тврди дека ќе најде „секој активен промо код на интернет“. Според МегаЛаг, игнорирањето на подобрите понуди е резултат на партнерските договори на Honey со продавачите МегаЛаг исто така го обвинува Honey за присвојување приходи од инфлуенсери. Според неговите тврдења, ако кликнете на линк од некого од нив, Honey ќе го замени тој линк со својот. Тоа се случува кога го користите неговиот поп-ап прозорец за време на плаќањето. Без оглед дали пронашол купон или не, резултатот е таков што Honey добива заслуги за продажба, а не Јутјуберот или веб-страницата која вас ве довела до таа продавница.Потпретседателот за корпоративни комуникации на ПејПал, Џош Криско, во одговор за Verge изјави дека Honey „ги следи индустриските правила и практики, вклучително и атрибуцијата на последниот клик“Интересна работа е што Амазон еднаш го наведе Honey како безбедносен ризик, особено откако ПејПал го презеде за повеќе од шест милијарди долари.МегаЛаг не е првиот кој ги изнел овие тврдења. Во објава на Твитер од 2021 година се советува да се користат кодовите на Honey во друг прелистувач за да се избегне преземање заслуга за линкот. Вработени во Linus Media Group исто така објаснија во 2022 година на форумот дека Linus Tech Tips прекинал соработката со Honey поради неговите практики за замена на линковите со свои.Благодарение на практичноста која ја нуди, Honey се нашол на списокот со препораки во речиси 5.000 спонзорирани видеа на приближно 1.000 Јутјуб канали.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни