Симон Трпчевски по настапите на отворањето на 39-от Фестивал „Будва – Град театар“ во Црна Гора и во рамките на на Фестивалот „ВондерФил“ во Холандија, каде што заедно со своите пријатели Крстев, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот МАКЕДОНИСИМО, јулските концерти ги заврши со неколкудневен престој на сцените во бразилската метропола Сао Паоло.
Серијата стартуваше со рецитал на 13 јули, по што дури 3 вечери (од 17 до 19 јули) како солист на Симфонискиот оркестар на Сао Паоло, под диригентската палка на прославениот маестро Васили Петренко. Симон Трпчевски учествуваше во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 1 од Чајковски. Бразилската публика со овации ги поздрави сите изведби, а вистински куриозитет беа и македонските знамиња во публиката.
На топлиот прием Трпчевски возврати со изведби на бис – од Вила Лобос, преку Бужаровски, до фрагмент од МАКЕДОНИСИМО. Концертите со своето ангажирано присуство ги поддржа и Претседателот на македонско-бразилската стопанска комора, Луис дел Вале.
Богатиот концертна сезона на нашиот пијанист на крајот од месецов ќе биде заокружена со настапот како солист на Филхармонискиот оркестар „Тосканини“ на фестивалот „Леричи“ каде што во амбиентот на тврдината Фирмафеде во Сарцана, под диригентската палка на Џанлука Марчијано на програмата е Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов.
Стартот на новата сезона во септември, ќе го поведе Симон Трпчевски на настапи во Чешка, Соединетите американски држави, Романија, Велика Британија, Холандија,…
Серијата јулски настапи на Симон Трпчески претставуваа значајно продолжение на неговата интернационална уметничка мисија, со што уште еднаш ја потврди својата светска репутација. Од Чајковски во Бразил, преку МАКЕДОНИСИМО во Црна Гора и Холандија, до најавите за претстојните концерти во Италија и други земји, Трпчески ја пренесува македонската култура пред глобалната публика со врвна уметничка посветеност.
Неговата музика ја надминува класичната концертна форма и станува симбол на културно поврзување и национален идентит