Познато е дека виновник за сува кожа е недостатокот на влага, но што да се прави кога ни хидратантната крема не ја врши својата работа како што треба? Постојат неколку изненадувачки причини за сува кожа на кои треба да обрнете внимание ако имате овој проблем.
Парфеми можат да предизвикаат иритација на кожата
Не се мисли само на класичните парфеми, туку и на оние што се наоѓаат во разни лосиони, креми и дезодоранси. Општо земено, парфемите можат да иритираат сува кожа, па избегнувајте дезодоранси и производи за нега на кожа кои се полни со дополнителни мириси. Инаку, парфемите се чест извор на дерматитис, па внимателно прочитајте ги етикетите и изберете козметика која има ознака „без парфем“.
Сапуните можат да ја извлечат влагата од кожата
Многу сапуни и шампони ја одземаат влагата од вашата кожа и скалп бидејќи се формулирани да ја отстранат маснотијата. Важно е внимателно да ги одберете средствата за миење на лице и тело, како и детергентите за алишта и омекнувачите.
Тврда вода може да го спречи впивањето на хидратантните средства
Кога водата од чешмата содржи висока концентрација на минерали како што се магнезиум и калциум, се смета за тврда вода, а овие минерали можат да остават филм на кожата кој предизвикува сувост.Ако живеете во подрачје каде има тврда вода, размислете за инвестиција во филтер за вода од чешма, а можете да додадете производи за нега на кожа кои содржат витамини А и Ц во вашата рутина, бидејќи тие спречуваат накупување на наслаги од тврда вода.
Лековите за акни и ретинол исто така можат да предизвикаат сувост
Салицилната киселина може да биде одличен сојузник во лечењето на акни, но исто така може да ја исуши вашата кожа кога прв пат ќе започнете да ја користите. Сувоста е исто така вообичаена нуспојава на ретинол, а тоа се случува затоа што ретинолот го ослабува врските помеѓу клетките на површината на кожата. Добрата вест е дека не морате да се откажете од овие производи, иако намалувањето на нивната употреба може да даде резултати без иритација. Така што, задолжително чистете ја кожата со нежни производи кои нема да го влошат проблемот.
Сувиот воздух може да ги зголеми симптомите на сува кожа
Ова се однесува на воздухот на отворено, како и во затворени простории.Топлината особено го исушува воздухот, а со тоа и кожата. На среќа, не морате да патите од сува кожа која чеша цела зима; овлажнителот на воздух може да помогне во враќањето на влагата во воздухот.
Честото миење на рацете може да доведе до црвенило и иритација
Претеруваното миење на раце исто така може да ја влоши сувоста на кожата.За да ги намалите ефектите на сушење од миењето раце, користете млака вода (никогаш врела), изберете хидратантни сапуни, нежно исушете ги рацете и завршете со некој вид лосион или маст.
Туширањето со топла вода може да придонесе за дехидратација на кожата
Додека топлиот туш во студените денови звучи примамливо, на долг рок не е добро за кожата бидејќи може да ја исуши. Туширате со топла вода и да нанесете хидратантна крема во рок од еден минут по туширањето, бидејќи хидратантните креми најдобро дејствуваат на влажна кожа, пренесува Нови Лист.