Што го врти светот?“: Младите имаат поголема потреба за развој на комуникациски вештини отколку на дигитални вештини

Според последното истражување во кое македонската младина зборува за потребите кои ги има во делот на кариерен развој младите имаат потреба од развој на т.н. меки вештини. тие велат дека клучни им се комуникациските вештини, решавање на проблеми и предизвици, креативност и друго.

Теодора Столевска директорка на Младинскиот образовен форум и Митко Пиштолов од активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности поддршка се соговорници на Јована во последната епизода од „Што го врти светот?“ создаден од Здружението ЗМАИ, во која се зборува за потребите и можностите на младите луѓе во Македонија. На прашањето каде и како младите можат да ги развијат потребните вештини, соговорниците даваат интересни идеи.

– Активизмот преку развојниот, невладиниот сектор и младинските организации е одличен начин за развој на сите овие вештини. Акциите се случуваат во моментот кога некој ќе одлучи да волонтира, за нешто кое му е важно. Младите од Орце Николов имаа проблем со градската линија до училиштето. Таа или доцнеше или тргаше прерано. Преку акција и преку активно барање на решение во институциите тие ја сменија линијата. На тој начин научија, како да работат во тим, како функционираат институциите, како да направат промена и друго. Многу луѓе не се свесни дека сите овие вештини многу брзо ќе ги стекнат борејќи се да сменат нешто кое им е важно. – вели Столевска.

Митко Пиштолов, пак зборува за хакатоните како можност за брзо учење на дел од овие вештини:

– Хакатоните се одлично место каде можат да се развијат овие вештини. Таму се наоѓате со одредена група на луѓе. Зададен ви е проблем, кој треба да го решите. Тоа решение треба да го спроведете и организирате во рамки на тимот и да се претвори во некаков продукт. Тоа решение треба да се презентира на одреден начин. И на крај имате натпревар и момент каде некој ќе победи. Тоа е одличен начин за брзо учење. – вели Митко Пиштолов, кој истакнува дека треба да се искористи секоја можност за учество на вакви настани.

Целата епизода со повеќе одговори на прашањето „Што сакаат младите?“ може да најдете во последната епизода од „Што го врти светот?“.

Поткастот отвора најразлични теми со луѓе кои се успешни во своите индустрии и прават уникатни успеси. Крајната цел на оваа содржина е финансиска едукација на младите преку конкретни, успешни примери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни