Спиењето е суштински дел од нашиот живот. За време на сонот, телото и умот се одмараат. Во текот на будниот период се нарушува физиолошката рамнотежа, па затоа спиењето е неопходно за нејзино повторно воспоставување. Нарколепсијата е примарно нарушување на сонот кое се карактеризира со ненадејно и неконтролирано заспивање.
Како се дефинира нарколепсијата?
Најтипичниот и најпознат облик на прекумерна дневна поспаност е болеста наречена нарколепсија. Првпат ја опишал францускиот доктор Жан Батист Едуар Желино во 1860 година, кој и го дал името составено од грчките зборови „наркос“ (сон) и „лепсис“ (фатен). Во изминатите децении, нарколепсијата стана болест со јасно разбран механизам на настанување и лекови кои значително ги ублажуваат симптомите.
Кои се клучните симптоми?
Прекумерна дневна поспаност, пациентите постојано се поспан, со чувство дека не спиеле три дена и ноќи. Напади на заспивање, пациентот може да заспие ненадејно – за време на разговор, додека вози, па дури и додека јаде. Катаплексија, изненаден, целосен губиток на мускулен тонус (освен дишните и очните мускули), најчесто предизвикан од силни емоции (радост, смеа, изненадување), додека свеста останува целосно зачувана (за разлика од епилепсија). Халуцинации при заспивање или будење– истовремено доживување на соништа и реалност – пациентите не можат да одредат дали се будни или сонуваат. Парализа на спиење– пациентот е буден, но не може да се помрдне или да зборува – често е проследено со чувство на ужас и паника. Сепак, трае само неколку секунди и автоматско однесување, пациентот може да извршува дејства додека спие – на пример, да оди некаде без свест, и потоа да се разбуди на сосема друго место без сеќавање.
Социјални и психолошки последици
Пациентите често не можат да одговорат на секојдневните обврски. Поради постојана поспаност, многумина не можат да функционираат нормално на работа или училиште. Психолошките последици вклучуваат: Интровертност, потешкотии со адаптација, нарушувања на личноста и склоност кон депресија или алкохолизам
Честопати се соочуваат со неразбирање и исмејување од околината, иако нивните ментални и физички способности се сосема нормални.
Лечење и поддршка
Сеопфатен пристап е неопходен: Пред се социјален аспект и едукација на јавноста за подобро прифаќање и разбирање. Работен аспект -Флексибилни услови на работа – разбирање од страна на работодавците. Нефармаколошки третман: Психолошка поддршка од психијатар или психолог и фармаколошки третман:
лекови за будење (еугероци), ефективни кај околу 80% од пациентите.