Во Центарот на Скопје, се наоѓа дуќанот “Шизик на Ризик”.
Автентичен македонски моден бренд инспириран од нашето културно наследство.Тука не пречека Сташа авторот на дизајнот и креациите на овој македонски моден бренд, која заедно со својот партнер Божо веќе неколку години го развиваат.
Овде се е интересно, стилизирано….
Секое парче од „Шизик на Ризик“ раскажува приказни за богатото минато и динамичната сегашност на животот во Скопје, но и за други градови во нашата земја.
Во дизајните се наоѓа: Скопскиот Камен мост, Македониумот од Крушево, модни дизајни поврзани со Охрид.
Навистина креативно, светско, а наше!
Компанијата е за секоја пофалба! Редовно си ги плаќа даноците, и придонесува за развојот на македонската економија.