„Шио ми га Ѓуро“ шоу – специјална „Ѓурологија“ во Скопје

Најпознатиот стенд-ап комичар на Балканот, Бранко Ѓуриќ – Ѓура, доаѓа во Скопје со специјално издание на неговото легендарно шоу „Ѓурологија“, кое оваа година слави 10-годишен јубилеј. Ексклузивното издание под наслов „Шио ми га Ѓуро“ ќе се одржи на 17 март во Македонската филхармонија, со почеток во 19:30 часот.

За разлика од сите досегашни настапи, ова нема да биде само „Ѓурологија“ – ова ќе биде незаборавно шоу исполнето со многу хумор, изненадувања и уникатна енергија, наменето само за публика 16+, се вели во соопштението.

Влезниците се веќе во продажба!

  • Редовни влезници: 1.000 денари
  • Ограничен број ВИП влезници: 1.500 денари

Билетите може да се купат од денес, 12 февруари, од 10 часот онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

Смеата е најдобар лек, а Бранко Ѓуриќ – Ѓура не е само смешен, туку мајстор на духовитоста! Затоа, осигурајте го вашето место навреме – бидејќи ова шоу се случува ONE NIGHT ONLY!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни