Според Мирор, пејачката ги замолила нејзините деца да ја користат нејзината музика за да заработат пари и да ја закопаат во свештеничка одежда.
Деталот кој паѓа во очи е сумата која им ја оставила на своите деца. Имено, таа им оставила 1,7 милиони фунти на синовите Џејк и Јешуа и ќерката Роисин. Таа планирала да ги остави своите верски предмети на нејзиниот син Шејн, кој си го одзел животот во јануари 2022 година.
Нејзината колекција на гитари ја наследи нејзината ќерка Роисин, но се уште не е познато што ќе се случи со нејзиниот имот. Според правните записи во Ирска, неговата вредност е намалена од 1,7 милиони фунти на 1,4 милиони фунти по наплатата на долгот, трошоците за погреб и правните такси.
За потсетување, Шинед О’Конор беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон на 26 јули. Причината за смртта стана позната дури на првата годишнина од трагедијата, кога беше потврдено дека пејачката починала од комбинација на хронична опструктивна белодробна болест и астма.
Пејачката е родена во Даблин во 1966 година во проблематично семејство. Таа беше едно од петте деца на Џек и Мари О’Конор, кои се разделија кога таа имала само осум години. Музичарката подоцна тврдеше дека нејзината мајка ја малтретирала како дете. Во 2018 година, таа го прифати исламот и изјави дека религијата е „светлината на нејзиниот живот“.
Шинед стана глобална ѕвезда во 1990 година со нејзината легендарна преработка на песната на Принс, Nothing Compares 2 U. Заедно со оваа песна, таа создаде и други хитови како што се This Is The Day, Thank You For Hearing Me, This is a Rebel Song и многу други. Во текот на нејзината кариера има издадено 10 студиски албуми.