Шер се повлекува од музичката сцена по повеќе од шест децении кариера

Познатата пејачка Шер е подготвена да се повлече од музичката индустрија по повеќе од шест децении откако го објави новиот албум.

Легендарната Шер потврди дека нејзиниот следен албум веројатно ќе биде последен. Обраќајќи се на публиката во Лицеум театарот во Лондон оваа недела, таа рече дека е време да ја напушти кариерата.

Пејачката призна дека е подготвена да се пензионира, но дека прво сака да го објави албумот. Нејзиниот последен албум беше објавен во 2013. година, што е прилично долг период без нови изданија. Таа призна дека е возбудена за новиот албум, но дека тоа веројатно ќе биде и нејзиниот последен албум.

Кариера долга повеќе од шест децении
Како што наведува The Sun, била возбудена за своите нови песни. Но, потоа се насмеала на сметка на нејзините години, додавајќи: „Старица сум, најстара сум од сите, освен ако не се најдам во дом за стари лица“.

Шер исто така кажала дека би сакала повторно да има 60 години.

Таа признала дека не ѝ било секогаш лесно да се носи со стареењето и додала дека и понатаму повеќе сака да биде опкружена со млади луѓе, пренесува Mirror.co.uk.

„Ги сакам младите луѓе затоа што многу мои пријатели не сакаат да се забавуваат толку многу“, рекла таа.

Шер моментално е во врска со раперот Алеказандер „AE“ Едвардс, кој е 40 години помлад од неа. Парот бил на бројни јавни настапи во изминатата година.

Одговарајќи на критиките за големата разлика во годините, Шер кратко коментирала: „Љубовта не знае за математика“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни