Search

Секој од изминатите 12 месеци беше најтопол во историјата

Минатиот јуни беше најтопол месец во историјата откако се мери температурата, по што започна серија на рушење на топлотни рекорди, на која не ѝ се гледа крајот.
Фото: FreePik

Јуни 2023 година не изгледаше како нешто посебен месец тогаш, но тоа беше најтоплиот јуни во откако се мери температура. Месечните рекорди не беа баш невообичаени во период кога десетте најтопли години се во последните 15 години. И месечните рекорди често се случуваат во години кои инаку се неисклучителни; во тоа време, најтоплиот јули досега се случи во 2019 година, година што не се издвојува многу од остатокот од изминатата деценија.

Но, јули 2023 година сруши нов месечен рекорд, лесно надминувајќи ги температурите од 2019 година. Потоа август сруши нов месечен рекорд…и секој месец оттогаш – низа на рекорди со што 2023 година е најтоплата година откако се мери температурата.

Во средата, агенцијата за мониторинг на Земјата на ЕУ, Коперникус, соопшти дека имаме цела година каде што секој месец бил најтоплата верзија од тој месец откако се следат глобалните температури.

Фото: C3S/ECMWF

Како што се гледа од графиконот на Коперникус, повеќето години имаат микс на температури, некои повисоки од просекот, некои пониски.

НАСА, која користи поинакви податоци и методологија се уште ги нема објавено тепмературите за изминатиот мај, но се очекува и нивните податоци да покажат дека сите месеци од јуни минатата година го срушиле рекордот.

Фото: C3S/ECMWF

Покрај рушењето на температурните рекорди, ЕУ го истакнува и фактот дека годишната температура, завршувајќи со мај, била за 1,63 степени над просечната температура од периодот помеѓу 1850 и 1900 година, што се користи како основа за прединсутриски температури. Ова е важно, бидејќи многу држави презедоа обврска да ги задржат температурите да не надминат 1,5 степени над овие температури.

Иако е сигурно дека температурите повторно ќе паднат под таа точка во следните неколку години, новите рекорди покажвуаат дека човештвото има ограничено време пред ваквите рекордни температури да станат новата нормалност.

Екстремнсота на новите месечни рекорди, ако се земе фактот дека некои месеци беа за повеќе од половина степен потопли од било кој претходен месец, ги загрижува научниците кои се уште не може да постигнат консензус која е причината за ваквите екстремни температури.

Извор: Ars Technica

Најново

Последни колумни