Седум трендови што ќе го обликуваат угостителството во 2025 година!

Експертите предвидуваат значајни промени во угостителството и гастрономијата во 2025 година, кои ќе го дефинираат начинот на кој ги задоволуваме потребите за храна, сместување и пијалаци.

Според анализата на магазинот Food&Wine, еве ги најважните трендови што ќе ја обликуваат индустријата:

1. Зголемена употреба на африкански житарки
Житарките како просото и тефот, отпорни на климатските промени, ќе станат популарни, нудејќи одржливи решенија за гастрономијата.

2. Помали менија и автоматизирано нарачување
Рестораните ќе воведат компактни менија и дигитални системи за нарачување, што ќе го зголеми профитот и ќе ги намали трошоците за работна сила.

3. Динамични цени на оброците
Цените на оброците ќе варираат во зависност од посетеноста – оброците во најфреквентните термини ќе бидат поскапи, додека оние во помалку популарните периоди ќе се продаваат по пониски цени.

4. Вештачка интелигенција во гастрономијата
AI ќе игра клучна улога во развојот на рецепти и оптимизацијата на угостителските операции.

5. Одржливост и транспарентност
Соработката со локални производители и намалувањето на влијанието врз животната средина ќе станат приоритет, со поголем фокус на одржливоста.

6. Ноќен туризам („ноктуризам“)
Активностите како набљудување на ѕвезди и ноќни тури ќе отвораат нови можности за угостителите, кои ќе ги прилагодуваат своите понуди за ноќните посетители.

7. Персонализирани и автентични искуства
Патниците бараат автентични гастрономски доживувања кои ја рефлектираат локалната култура и традиција, а угостителите ќе одговорат со уникатни понуди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни