Се самоуби мажот на Обри Плаза, која требаше да биде презентерка на Златните глобуси

Актерката и комичарка Обри Плаза не присуствуваше на 82. доделување на наградите Златен глобус, каде што требаше да биде една од презентерите, поради трагичната смрт на нејзиниот сопруг Џеф Баен.

Плаза беше најавена како домаќинка во соопштение за медиумите во петокот, истиот ден кога беше потврдено дека Џеф Баен (47) е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, а причината за смртта е утврдено дека е самоубиство, пишува Дејли Мејл.

Според извештајот на ТМЗ во неделата, не е јасно кој ја презел нејзината улога на церемонијата откако Плаза се откажа поради семејна трагедија. Оваа година Плаза не беше номинирана за награди, но во 2023 година доби номинација за најдобра споредна женска улога за улогата на Харпер Спилер во серијата White Lotus.

Иако Плаза не беше присутна на неделната церемонија, режисерот Брејди Корбет (36) ги спомна неа и нејзиниот покоен сопруг при прифаќањето на наградата за најдобар режисер.

„Моите мисли се со Обри Плаза и семејството на Џеф вечерва – добра ноќ“, рече Корбет.

Иако Баен никогаш не бил номиниран за Златен глобус, тој двапати беше во потесниот избор за Големата награда на жирито на филмскиот фестивал Санденс, за Џоши (2016) и Живот по Бет (2014).

Да потсетиме дека извори блиски до Џеф потврдиле за медиумите дека режисерот бил пронајден мртов од помошник во неговиот дом во Лос Анџелес во петокот наутро. Тој бил прогласен за мртов на местото на настанот, а полицијата соопшти дека нема знаци на насилна смрт.

Џеф и Обри се во врска од 2011 година, таа глумеше во неколку негови проекти, а во 2021 година откри дека двајцата се венчале. Обри Плаза е најпозната по улогите во Мегалополис и White Lotus.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни