Се родило бебе во авион во Кенија, на летот имало тројца доктори

На почетокот на оваа недела, се роди бебе на Hi Fly Airbus A330-200 на летот помеѓу Џауни (француска територија во Индискиот Океан) и Најроби, Кенија.

Случајно во авионот имало тројца лекари, од кои едниот бил гинеколог – акушер, па мајката и бебето имале цел медицински тим кој се погрижил породувањето во воздух да помине што е можно побезбедно, а компанијата го опишала настанот на својот Инстаграм профил како чудесен момент во воздухот.

Иако авиокомпаниите често го ограничуваат патувањето на трудниците во доцните фази од бременоста поради ризикот од породување во авион, жената го родила бебето пред да слета авионот. По прегледот во болница во Кенија, соопштено е дека и мајката и бебето се во добра состојба, објави белгискиот портал Aviation24.

Ова, инаку, не е преседан. Минатата година, исто така, имаше спонтан абортус во авион на Wizz Air на Меѓународниот ден на жената, додека во ноември 2023 година имаше приказна за раѓање во авион на Pegasus Airlines кој сè уште беше на пистата на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул, Турција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни