Се продлабочува мистеријата за смртта на сопругата на легендарниот актер Хекман

Се продлабочи мистеријата околу смртта на Бетси Хекман откако лекарот откри дека таа се јавила во неговата клиника еден ден по датумот за кој полицијата тврдеше дека е денот на нејзината смрт.

Медицинскиот испитувач во Санта Фе рече дека обдукцијата покажала дека Бетси умрела од хантавирус, ретка респираторна болест која ја пренесуваат стаорци, на 11 февруари, цела недела пред нејзиниот сопруг да умре од срцева слабост поврзана со Алцхајмерова болест.

„Госпоѓа Хекман не умре на 11 февруари бидејќи се јави во мојата клиника на 12 февруари“, тврди д-р Јосија Чајлд.


Тој додаде дека Бетси го контактирала неколку недели пред нејзината смрт за да го праша за можноста за преглед на срцето на нејзиниот сопруг. Самата побарала термин на 12 февруари, но за нешто што не е поврзано со нејзините респираторни проблеми. Два дена пред терминот, таа го откажала терминот со изјава дека нејзиниот сопруг не е добро.

„Повторно се јави утрото на 12 февруари и разговараше со еден од нашите лекари, кој и рече да дојде тоа попладне. Закажавме, но таа никогаш не дојде. Не покажа знаци на респираторни проблеми. Терминот не беше поврзан со хантавирус. Се обидовме да и се јавиме неколку пати, но таа не одговори”, рече докторот.

Неговото откритие дека г-ѓа Хекман можеби била жива барем еден ден подолго од тоа што беше официјално наведено, ја продлабочува мистеријата околу нејзината смрт.

Нејзиното безживотно тело било пронајдено на подот од бањата во изолиран дом во Санта Фе, опкружено со апчиња, додека нејзиниот сопруг лежел на подот од помошна просторија, на околу дваесет метри.

Податоците од неговиот пејсмејкер покажаа дека тој починал на 18 февруари. Аутопсијата открила дека тој немал храна во стомакот, а истражителите веруваат дека поради Алцхајмерова болест тој можеби не сфатил дека неговата сопруга починала.

Едно од нивните три кучиња, кое било во кутија и се опоравувало од операцијата, умрело од глад и дехидрација.

„Јас не сум експерт за хантавирус, но повеќето пациенти со таа дијагноза умираат во болница. Изненадувачки е што г-ѓа Хекман разговараше со нашата клиника на 10-ти и 12-ти февруари без да покаже никакви знаци на респираторни проблеми“, додаде Чајлд.

„Медицинските експерти се збунети од дијагнозата на хантавирус како причина за смртта“, рече друг лекар од Лос Анџелес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни