Сеќавање на великанот: На денешен ден, во 1998 година, почина актерот Ненад Стојановски

На денешен ден, 14 јули, се навршуваат 27 години од смртта на еден од најзначајните македонски актери – Ненад Стојановски. Роден на 19 август 1952 година во Скопје, Стојановски остави длабока трага во театарската, филмската и телевизиската уметност во Македонија и пошироко.

Актерската кариера ја започнал уште во младоста, преку Детската радио-драма и аматерските драмски групи „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“. По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности, станал член на ансамблот на Драмскиот театар – Скопје, но често гостувал и на сцената на Македонскиот народен театар и на други значајни сцени во земјава и регионот.

Настапувал на престижни фестивали како Дубровничките и Сплитските летни игри, а неговите улоги се дел од некои од највпечатливите претстави и ТВ-филмови во македонската продукција. Публиката го памети по улогите во „Диво месо“, „Среќна Нова ’49“, „Кула вавилонска“, како и по настапите во ТВ-сериите „Бушава азбука“, „Камчевци“, „Тврдокорни“, „Опстанок“ и многу други.

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои и двете Стериини награди, „11 Октомври“ – највисокото државно признание, како и награди од фестивалите „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Љубиша Јовановиќ“ во Шабац и „Стериино позорје“ во Нови Сад.

Стојановски беше оженет со глумицата Силвија Стојановска, со која ги има ќерките Ана и Јана Стојановска – денес исто така реномирани актерки.

Почина прерано, на 14 јули 1998 година во Скопје, но зад себе остави богат опус и културно наследство кое и денес живее преку неговите улоги и преку генерациите што ги инспирираше.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни