Самостојна изложба: Градот е јавност – # 2 дел

Проектот Градот е јавност: случајот Скопје (1945-2025) е продуциран како дел од долгорочниот проект градот како сцена: изведување на јавниот простор, поддржан од Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија

На 26 јуни во 20.30 часот, во киното на Железничката зграда во Скопје ќе се одржи изведбата на перформативниот [шетачки] есеј –  [радио драма] во три чинанасловена како Градот е јавност – #2 дел Случајот Скопје 1945-2025. Тој е колаборативен уметнички проект на Филип Јовановски, куриран од Владимир Јанчевски, а како актерка/изведувачка се јавува Мартина Даниловска.

,,Низ својата долгогодишна пракса на градење платформи и искуството, Филип Јовановски го поставува прашањето за тоа на кој начин нашето секојдневно искуство на градот и градскиот амбиент, неговото минато и сегашност, можат да бидат искористени како содржина и театарска сцена, како изложбен простор кој се доживува преку прошетка, дискусија, експериментална работа во лабораторија или практичните аспекти на секој нов продукциски предизвик. И претходните изведби, како шетачко искуство низ физичкиот простор, но и љубопитноста и препуштањето на имагинацијата се истовремено и истражувачка методологија и уметничка форма. Овој перформативен есеј, во форма на видео инсталација и радио драма, кој се заснова на шетачки тури, ги преиспитува границите на уметничките конвенции, дисциплинарните граници и ригидните форми, без да заглавува во самодоволната дискусија на една тесно дефинирана уметничка сфера.” – вели Владимир Јанчевски за перформансот кој ќе се изведе овој четврток.

Проектот Градот е јавност: случајот Скопје (1945-2025) е продуциран како дел од долгорочниот проект градот како сцена: изведување на јавниот простор, поддржан од Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија и е претставен како дел од поширокиот кураторски концепт Градот како сцена: еколошки иднини кој се случува во киното на железничката зграда во партнерство со ГЕТЕ Институт Скопје и во партнерство со списанието во областа на архитектурата и урбанизмот ARCH +.

Партнери на проектот Градот како сцена: еколошки иднини: ГЕТЕ ИНститут Скопје, ARCH +, Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, Пловечки универзитет – Берлин, Факултетско студентско собрание – Архитектонски факултет – УКИМ Скопје.

Партнери на проектот Градот како сцена: изведување на јавниот простор: Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, ГЕТЕ ИНститут Скопје, Институт за уметност и театар од Чешка- Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, Факултет за драмски уметности – УКИМ Скопје, FONTYS Универзитетот за Уметност од Тилбург – катедра за мастер студии Performing public spaces.

ПОВЕЌЕ ЗА ТИМОТ КОЈ ГО ПОДГОТВУВАШЕ ПЕРФОРМАНСОТ

Авторски, драматуршки концепт и простор/сценски дизајн: Филип Јовановски, Креативна продукција, соработник на авторскиот концепт: Димитар Милев. Соработници на сценски дизајн: Димитар Милев, Екатерина Добривојевска. Екатерина Николовска. кураторска поддршка: Софиа Григориаду Драматуршка поддршка: Владимир Јанчевски. Истражување: Мартина Пенева, Екатерина Николовска, Калина Трајановска, Крсто Григорјадис продукциска поддршка: Денис Сарагиновски изработка на сценографија: Мемед Mемети, Горан Ивановски Креативен тим на соработници: Марија Аризанковска, Катарина Томиќ, Бојана Вуковојац.

Продукција: Лабораторија за просторно изведувачки практики Градот како сцена во рамки на програмите на платформата за современа уметност и култура Факултет за работи што не се учат – АКТО фестивал за современи уметности.

Филип Јовановски, дипломирал на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје , а магистрирал на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје во 2019 година со проектот „Кога зградите би зборувале“.

Јовановски со неговиот изразен интердисциплинарен пристап истражува различни медиуми и нивната интердисциплинарна конекција – визуелна уметност, театар, видео, архитектура, филм и просторни инсталации. Најчесто уметничко изразно средство се просторните визуелни интервенции во јавен простор. Тој создава долгорочни општествено- ангажирани уметнички проекти, кои се базираат на истражување и честопати во соработка со различни заедници. Во своите проекти, тој се обидува да ги разоткрие скриените механизми на доминантните позиции на моќ, кои водат кон уништувањето на јавниот простор и јавното воопшто, притоа деконструирајќи ги и поттикнувајќи различни алтернативи на капиталистичкото живеење. Неговите дела се трансформации на политички и општествени категории во просторни слики. Често за своите дела користи јавен простор или го креира, како и неконвенционални и алтернативни изложбени простори. Неговиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, куриран од Ивана Васева, кој ја претставуваше Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година ја доби главната награда „Златна Трига“.  Тој е еден од авторите на македонскиот павилјон насловен „Ослободување на просторот“, кој ja претставуваше Република Северна Македонија на Венециското биенале за архитектура во 2018 година. За проектот „Штампање заеднички простори“, како дел од Биеналето за сценски дизајн, во рамките на „Нови Сад европски град на културата 2022“, Јовановски е добитник на наградата „Ранко Радовиќ“, награда за најдобра мултимедијална поставка/изложба, што ја доделува Здружението на ликовни, применети уметници и дизајнери на Србија за 2022 година.  Јовановски е коосновач на неколку граѓански иницијативи и организации како: „ЈАДРО“ –Асоцијацијата на независната културна сцена (2012), ликовната иницијатива/група „КООПЕРАЦИЈА“ (2012-2015), организацијата „Плоштад Слобода“ (2010), граѓанската иницијатива „ГО САКАМ ГТЦ“ (2013),  а исто така бил член на неколку регионални платформи за современа култура како BCC – Balcan can contemporary, Urban Hum и други. 

Од 2007 година, тој е уметнички директор на Фестивалот за современи уметности АКТО, основан во Битола и е кораководител на платформата за уметност и култура „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“. Во моментот работи како стручен соработник на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје и предава предмет сценографија како експерт од практиката на Факултетот за драмски уметности при УКИМ во Скопје

Фотографија на постер и останати фотографии: Наташа Гелева

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни