Самобор прв град во Хрватска што им плаќа на пензионери да ги чуваат своите внучиња

Станува збор за стимулативната програма „Сервис баба-дедо“, со која пензионерите добиваат по 360 евра месечно по дете на возраст од една до четири години – возраст која вообичаено нема приоритет за прием во државните градинки.

„Мерката е одлична – и за бабите и за децата. Ни значи тој дополнителен приход, бидејќи пензиите се мали, а ние поминуваме многу време со нашите внучиња“, вели Дубравка Колетик, баба на малиот Виктор.

Износот на надоместокот е ист како субвенцијата што градот ја дава за сместување на деца во приватни градинки или кај лиценцирани негувателки.

„Љубовта кон внучињата не може да се измери, не е предмет на сомнеж и не може да се наплати, но преку оваа мерка сакаме да ги наградиме бабите и дедовците за нивниот придонес“, изјави градоначалничката на Самобор, Петра Шкробот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни