Софтверскиот инженер Брајан Џонсон (47) потроши милиони за „био-хакирање“ на неговото тело и да го смени процесот на стареење, но не одеше сè како што беше планирано. Сега тој јавно сподели како му тргнало наопаку вбризгувањето на маснотиите од донатор во неговото лице. Масните инјекции, поради кои лицето му отече до точка каде што го загуби видот, беа дел од неговиот „Проектен план Blueprint“.
Џонсон ангажирал 30 лекари и инвестирал два милиони долари за една година во најсовремени истражувања во научни центри на извонредност за да го „подобри и подмлади“ неговиот мозок, бели дробови, црниот дроб, бубрезите, тетивите, забите, кожата, косата, мочниот меур, пенисот и ректумот и тоа на ниво на 18-годишник, пренесува магазинот People.
“Навистина ослабев и изгубив многу маснотии, особено во лицето. Изгледав слаб, а луѓето мислеа дека сум на работ на смртта”, рекол Џонсон, кој сакал да ги подобри своите “биомаркери”. Тој рече дека неговиот тим открил дека салото на лицето е „прилично важно за тоа како луѓето ја перцепираат младоста“ и дека „не е важно колку се добри биомаркерите ако нема сало на лицето“.
Неговиот следен потфат бил, како што вели, „The baby face project“, односно се обидел да „истражи дали можеме да го вратиме изгубениот волумен на лицето“.
Наместо филери, тие решиле да вбризгаат масти во лицето.
„Можно е да користите сопствена телесна маст за ова, но проблемот беше што немав доволно маснотии за примерок, па користев донатор. Веднаш откако ги добив инјекциите, моето лице се разнесе. И тогаш стануваше полошо и полошо, се додека не почна да ми влијае на видот Тоа беше многу тешка алергиска реакција“, рекол Џонсон, кој се доверил на својот колега.
„Можеби нема да ме препознаеш денес, му реков. Мислам дека сум добро, се надевам дека сум добро. Ако не сум добро, дали случајно си обучен за некои операции кои спасуваат животи“.
Седум дена подоцна, моето лице се врати во нормала“, изјави Џонсон, кој и покрај лошото искуство, не се откажува да бара други начини да го врати изгубениот волумен на лицето. „Ги преформулиравме плановите за нашиот следен обид. Едно е кога работиш на некој производ, а сосема друго е кога самиот си тој производ“, заклучува тој за People.