Саемот за образование ќе ги поврзе младите со универзитети, академии и компании

Скопје сити мол и студентската заедница во Македонија „Студентарија“ на 15 и 16 март  организираат Саем за образование чија цел е да ги поврзе младите – матурантите и студентите со универзитетите, да се запознаат со можностите за образование, специјализација и професионален развој, како и со академии за дигитални вештини и компании.

Ќе учествуваат десет универзитети со над 80 факултети од земјава, како и академии за дигитални вештини и продажба и голем број компании и организации за млади.

„Саемот е единствена можност за средношколците и идни студенти на едно место да се сретнат со претставници на над 80 факултети од Македонија, да дознаат за нивните студиски програми, уписни рокови, можности за стипендии и кариера, животот на кампусите, но и да учествуваат на работилници за кариерно советување и да ги истражат различните образовни и професионални патишта кои ќе ја одредат нивната иднина“, соопшти организаторот. 

За студентите, пак, предвидени се голем број панел-дискусии, работилници и презентации кои ќе им помогнат подготвени да излезат на пазарот на труд, а ќе учествуваат и компании кои ќе понудат можности за пракса и вработување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни