RYCO ги мобилизира младите преку културата, аплицирајте за грант до 6 илјади евра за индивидуалци и граѓански организации

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) е независен институципнален механизам воспоставен со цел да се промовира духот на помирување и соработка помеѓу младите во регионот, преку програми за младинска размена за Западен Балкан 6.

Вчера, во Млади Хаб се одржа информативна сесија за четвртиот повик од Младинскиот културен фонд за Западен Балкан, наменет за млади културни работници и граѓански организации кои делуваат во областа на културата.

Оваа информативна сесија, организирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO беше отворена за сите граѓани, невладини организации и медиуми. Претставниците на RYCO го презентираа јавниот повик за доделување грантови до 3.000 евра на културни работници и до 6.000 евра за граѓански организации проекти што го поддржува културниот активизам и промовирање на креативни решенија за општествените и политичките предизвици во регионот.

Раководителот на локалната канцеларија на RYCO во Скопје Владимир Ѓорѓевски потенцираше дека културата е многу важен сегмент за развојот на едно општество носејќи позитивни општествени промени, а културниот фонд ќе ја зајакне регионалната соработка.

„Културата е клучен двигател на позитивни општествени промени и значаен фактор за градење отпорно и солидарно општество. Преку младинскиот културен фонд сакаме да ја засилиме регионалната соработка, да создадеме простор за размена на идеи, вредности и искуства. Овој фонд е креиран за да поттикнува трансформација – преку уметност, култура и младински ангажман. Преку културниот фонд во RYCO, но и преку другите програми, целиме да иницираме долгорочни општествени промени кои ќе го зајакнат регионот на Западен Балкан. Нашата визија е да ги активираме младите, бидејќи токму тие се носители на промените и имаат огромен потенцијал. Ве повикувам да аплицирате со своите идеи, ние сме тука да ве поддржиме“, рече Ѓорѓевски.

Проектната менаџерка од RYCO Шефире Исмаили, изјави дека сите млади лица, културни работници и граѓански организации може да се пријават за добивање на грант за реализација на проекти.

„Младите се нашиот главен фокус којшто треба да вклучен во самите проекти. Сите млади, индивидуалци и граѓански организации, се охрабрени да се пријават за грантови за реализација на проекти што ќе го поттикнат интеркултурниот дијалог, процесите на помирување и градење на мир. Апликацијата е едноставна, достапна за сите, и отворена до 15 мај. Не пропуштајте ја оваа можност – вашиот глас, вашата визија, може да го промени регионот“, посочи Исмаили.

Младинскиот културен фонд е повеќегодишна иницијатива финансирана од германското федерално министерство за надворешни работи, а се спроведува од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младите во културниот и креативниот сектор и да поттикне регионална културна соработка меѓу земјите од Западен Балкан.

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) е независен институципнален механизам воспоставен со цел да се промовира духот на помирување и соработка помеѓу младите во регионот, преку програми за младинска размена за Западен Балкан 6.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни